Македонската пејачка Александра Јанева објави нова песна – „Дождови“.
Музиката и текст се на Лазар Цветкоски и Јанева, аранжман и продуцент е Лазар Цветкоски, а видеото е работено со Горан Симјановски.
„Голем предизвик е да траеш на македонската музичка сцена толку години и да се трудиш да ги следиш сите актуелности, а сепак да останеш доследен на квалитетот кој за мене лично е многу важен.
За овој проект вклучивме и нови, млади луѓе кои ни дадоа свежа енергија. Голема благодарност и до „Dance Team Fusion“. Горда сум на целиот тим кој работеше на овој проект и се радувам на сите следни песни кои наскоро ќе излезат, а на кои веќе напорно се работи“, вели Јанева.
Видео/фото: Промо
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.