И да сте се фотографирале периодов за пасош со новото име на државата, за да можете да излезете од Македонија, не се знае колку време ќе чекате да го добиете.
Со месеци фалат обрасци за пасоши со „Северна“, информација која вчера ја потврди и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од нарачани 400.000 пристигнале само 20.000 обрасци за пасоши со „Северна“
Тој рече дека до 18. февруари требало да стигнат 400 илјади обрасци за пасоши, ама стигнале само 20 илјади.
За истите предност ќе имаат лицата со здравствени проблеми и тие кои платиле за изработка по итна постапка.
Законскиот рок да го добиете готовиот пасош е 15 работни денови, но ретко кој го добил за толку време.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Османи да дели пасоши на шалтерот во МРТВ, а не во Минхен
Фото: МВР