Техничкиот премиер Талат Џафери, кадар на владејачката ДУИ, неовластено упадна и неовластено снимаше вработени во СВР Тетово додека тие работеа.
Како и неговиот соопартиец, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, кој сега е и кандидат за претседател на Македонија на партијата пред неколку години, и тој за ситни политички поени „изиграваше„ инспектор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Османи да дели пасоши на шалтерот во МРТВ, а не во Минхен
На вработените им се обраќаше на ТИ со строг глас и ги прекоруваше.
По посетата за медиумите изјави дека во СВР Тетово имало недостаток на организација во извршување на задачите на дневна основа, ама не кажа зошто на владина седница не дозволил смена на началникот на СВР Тетово, за што јавноста ја информираше министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, а е информирана и меѓународната заедница.
Неговата посета на СВР Тетово предизвика лавина од негативни реакции во јавноста, а на истата реагираше и Независниот полициски синдикат, кој побара кампањи политичарите да си прават надвор од институциите.
Од Синдикатот ги повикаа министерот и заменик министерот за внатрешни, во чија надлежност е работењето на СВР Тетово, да ги заштитат вработените.
Реагираше и министерот Тошковски, кој рече дека ваквото однесување е недозволиво.
-Како министер за внатрешни работи, а пред се како човек сметам дека секој вработен во МВР заслужува максимална почит, без оглед на неговата позиција во рамки на хиерархијата или било каква припадност и таа почит треба да биде изразена од страна на секого, независно дали е премиер, министер или извршува било каква друга функција.
Таквото однесување на премиерот спрема вработените, особено спрема една колешка сметам дека е недозволиво, несоодветно и не доликува на човек кој извршува таква функција, а уште повеќе и поради фактот што таа жена според информациите што ги добив е сопруга на човек кој го дал својот живот во извршување на работни задачи, токму како припадник на министерството за внатрешни работи, изјави тој меѓудругото.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Бујар Османи, кандидат на ДУИ за претседател на Македонија
Фото: Влада/видео: facebook.com/ditarimkofficial