еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Бујар Османи, кандидат на ДУИ за претседател на Македонија

Актуелниот министер за надворешни работи и потпретседател на владејачката ДУИ, Бујар Османи е кандидат на партијата за претседател на Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бујар Османи, кандидат на ДУИ за претседател на Македонија

Кој е Османи

Роден е на 11. септември 1979 година во Скопје.

Дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје во 2004 година.

Дел од својата специјализација ја завршува во Лондон, Обединетото Кралство во периодот 2006-2007 година, додека од 2012 година се стекнува со звање специјалист хирург.

Од 2014 година е докторант на Школата за докторски студии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде докторира во јули 2018 година.

Зборува англиски и делумно француски јазик.

Неодамна го доби третото дете.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Османи објави фотографија со синот Лав

Работно искуство и политичка кариера

Своето работно искуство го започнал во 2004 година како доктор на медицина на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св.Наум Охридски“ во Скопје.

Во 2008 година сѕанува министер за здравство и таа функција ја извршува до 2011 година.

Од 2011 година е специјалист хирург во Универзитетска Клиника за Дигестивна хирургија во Скопје.

Во 2011 исто така е назначен за Секретар за комуникација со јавност при претседателството на ДУИ.

Од јуни 2017 година станува заменик претседател на Влада задолжен за европски прашања.

Како предводник на Секретаријатот за европски прашања, Османи воедно ја извршуваше и функцијата Национален координатор за распределба на странска помош и ИПА фондови во земјата.

Од јули 2018 година е назначен за шеф на државната делегација и главен преговарач со Европската Унија.

Во август 2020 година, стана министер за надворешни работи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е Гордана Силјановска-Давкова, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Македонија

Кој е Максим Димитриевски, кандидат за претседател на Македонија на ЗНАМ

Која е Билјана Ванковска, претседателски кандидат на Левица

Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Енергоинвест трејд“ го доби тендерот на Агенцијата за млади и спорт за изградба на шест базени вреден 3,2 милиони евра

Редакција

„Водостопанство“ распиша оглас за вработување на 50 лица, плата до 46.000 денари

Редакција

Нови 389 случаи на Ковид-19 од 2.445 тестирања

Редакција