еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Максим Димитриевски, кандидат за претседател на Македонија на ЗНАМ

Градоначалникот на Куманово и претседател на ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, е кандидат за претседател на партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Максим Димитриевски, кандидат на ЗНАМ за претседател на Македонија

Кој е Димитриевски

Роден е на 29. ноември 1975 година во Куманово.

Основно и средно образование завршил во родниот град, а дипломирал на Правниот факултет во Скопје.

Магистрирал на темата „Ниско ниво на децентрализација – причина за несоодветен развој на единиците на локална самоуправа во Република Македонија“.

Димитриевски е татко на три деца.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Максим Димитриевски за првпат зборува за приватниот живот: Сопругата Надица ми е коректор

Политичка кариера

Политичката кариера ја започнува како млад активист на СДСМ.

Во 2008 година станува дел од Советот на Општина Куманово, а подоцна и претседател, во периодот од 2012 до 2016 година.

Политичката кариера ја продолжува како пратеник во македонското Собрание и претседател на Комисијата за одбрана и безбедност.

На локалните избори во октомври 2017 година за првпат, како кандидат на СДСМ, станува градоначалник на Општина Куманово, а во октомври 2021 година е реизбран за градоначалник како независен кандидат, откако се разиде со СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е Гордана Силјановска-Давкова, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Македонија

Која е Билјана Ванковска, претседателски кандидат на Левица

Кој е Стевчо Јакимовски, кандидат на ГРОМ за претседател на Македонија

Фото: Фејсбук/Димитриевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се ублажува забраната за движење во шуми, активни четири пожари

Редакција

Нови 108 случаи на заразени од Ковид-19, најмногу во Скопје

Редакција

Македонец во Франција: Од дома излегуваме со лист на кој стои причината зошто мораме надвор

Редакција