еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Македонец во Франција: Од дома излегуваме со лист на кој стои причината зошто мораме надвор

Македонец кој работи во Стразбур, Франција, за еМагазин раскажува како оваа европска земја се справува со кризата со коронавирусот.

“На почетокот на кризата во Франција се се сведуваше на препораки за социјално дистанцирање. Но како и кај нас, повеќето граѓани не ги почитуваа препораките за справување со корона вирусот.

На 14 март беше објавено дека се затвараат сите ресторани, кафулиња и клубови, но бидејќи и тоа не даде резултати, од 17 март Франција е во карантин“, вели тој.

До 15 април на жителите во Франција им беше дозволено излегување на отворено само за специфични причини и тоа: купување на прехранбени продукти близу до местото на живеење, одење на лекар, добивање лекови во аптека, прошетка или индивидуална спортска активност, или прошетка на домашно милениче, само еднаш на ден во максимално траење од 1 час на максимална дистанца од еден километар од местото на живеење, грижа за ранливи и постари луѓе или одење, како и патување на работа за оние кои не можат своите професионални обврски да ги исполнуваат од дома односно, од далечина.

„На погреб може да присуствуваат максимум 20 лица. Се е затворено освен аптеките и супермаркетите и тоа со скратено работно време.

Во секоја продавница има лимит колку лица може да има внатре истовремено, така да пред поголемите продавници има редарска служба“, раскажува тој.

Од дома граѓаните излегуваат со лист на кој стои причината зошто морат надвор.

“Секој граѓанин кој излегува од дома мора да има лист на кој мора да ја наведе причината зошто е надвор, датум, саат на излегување од дома, како и потпис.

Ако го немате овој документ/лист ќе се соочите со парична казна од 135 евра.

Казната од 135 евра станува 1.500 евра во случај граѓанинот повторно да ги прекрши мерките во рок од 15 дена. A за неколку последователни прекршоци во текот на еден месец добива казна од 3.700 евра и до шест месеци затвор.

Полициските службеници патролираат и ги запираат пешаците и автомобилите за да ги проверуваат нивните документи“, раскажува тој.

Откако земјата отиде во карантин, жителите на Франција, ги запоседнале продавниците и исто како насекаде низ светот почнале масовна да купуваат тоалетна хартија, поради што бипо воведено правило дека едно лице може да купи максимум 12 ролни тоалетна хартија.

“Во Франција е отворена веб-страницата maladiecoronavirus.fr, која содржи 24 прашања поврзани со симптоми кои ги доживеале луѓе кои го имаат коронавирусот.

На крајот од тестот се дава препорака дали треба да се консултираат со лекар, да се јават во просторија за итни случаи или се чини дека е малку веројатно дека тие го добиле вирусот.

Овој тест е воведен преку интернет за да се намали притисокот врз францускиот здравствен систем, кој во сегашната ситуација прима голем број непотребни повици од граѓани, загрижени за нивното здравје, во отсуство на физички текстови за коронавирусот.

Дури и да имате симптоми на корона вирусот, доколку сте со лесна клиничка слика, препорака е да се самоизолирате, т.е не одите на лекар, ниту пак доаѓа екипа кај Вас дома, т.е не Ви се прави тест.

Еден е најтешко погодените региони е Алсаз во источна Франција, а бројот на заболени почна драстично да расте по црковна церемонија во Мулуз. Имено, здравствените власти утврдија дека десетина лица се заразиле на Собирот на евангелистичката црква, кој се одржал на крајот на февруари во Мулуз“, раскажува тој.

Според последните податоци, од вчера, од 1,2 милиони жители на Стразбур и околината, 856 лица се во болница, а 232 од нив се на интензивна нега во критична состојба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

37 случаи од заболените со коронавирусот во Македонија се импортирани од надвор

Во Битола прв случај: Како изгледа мапата на заболен со коронавирусот по градови

Карпош со најголем број: Како изгледа мапата на заболени со коронавирсуот по скопските општини

Македонка во САД: Живееме во социјална и економска криза како никогаш досега

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ламбе Алабаковски пуштен во домашен притвор

Редакција

Кој е Џо Бајден, новиот претседател на САД

Редакција

Само од нас зависи дали четвртата македонска република ќе биде европска или емигрантска, порача Пендаровски од Пелинце

Редакција