еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Македонка во САД: Живееме во социјална и економска криза како никогаш досега

Ана Пипонска скоро 10 години живее и работи во САД, кои моментално се епицентарот на пандемијата на коронавирусот во светски рамки.

Таа за еМагазин раскажува како Американците се справуваат со кризата со коронавирусот.

“После долги години во Њујорк сити јас и маж ми решивме да се “вкотвиме” во јужно Њу Џерси на брегот од Атланскиот Океан. За жал во мометов како и секаде во светот Jersey Shore се наоѓа под опсада на коронавирусот.

Пред некој ден почнаа да ги затвораат и јавните плажи и покрај тоа што просторот е толку голем и има неограничени можности да се практикува потребното растојание на движење.

Мештаните се прилично фрустрирани поради оваа одлука, бидејќи слободата на движење им е одземена. А слободата и правото на избор се е исто така суштински вредноси на американското општество.

Многу луѓе низ цела Америка, особено во Њујорк сити останаа без работа. Економијата е во голема криза, а таа е “back bone” на американскиот систем.

За среќа јас сум сениор менаџер во компанија за истражување на пазарот, па мојата работа може да се работи и од дома. Како компанија со актуелниве случувања имаме големи предизвици, како и промена на потрошувачки навики, па отаму и нови дигитални можности за истражување“, вели таа.

Како насекаде низ светот и Американците живеат во страв и неизвесност за тоа што следи.

“Повеќето од луѓето живеат со надеж дека наскоро ќе се вратат на работа. А многумина веќе ги живеат негативните финансиски последици од епидемијата. Невработеноста секој ден расте. Пакетот за финансика помош конечно помина во Конгресот, но се уште се чека на насоките за негово спороведување.

Обичниот народ се надева на финансиска помош, а малите и средни препријатија на грантови со цел да ги задржат вработените на работа.

Корпорациите исто така притискаат за големи суми на пари од федералната власт“, вели таа.

И таму граѓаните масовно купуваат залихи на храна.

“Во меѓувреме луѓето како и насекаде во светот купуваат поголеми количини на храна и се разбира тоалетна хартија.

Во Америка сме познати по купување на големи количини од се и сешто, па во ситуацијава уште тродупло од обично. Во супурбаните делови каде што живееме, во супермаркетите на големо како Costco, тешко се наоѓа тоалетна хартија, а гужвите се големи уште рано насабајле. На Амазон цените се прилично повисоки од обично и потребно е подолго време да се најде бараниот производ.

Исто така владее нетрперливост и голема анксиозност помеѓу населението.

На стартот на кризата со коронавирусот сериозен проблем беше обезбедувањето на потребниот број на тестови.

“Овде локално во градот Хомдел во понеделникот се отвори станица за тестирање на корона вирусот, гужвите беа толку големи што некаде пред пладне секој ден снемуваа тестови. Со ослободувањето на финасиката помош се планира овој проблем да биде донекаде решен. Се предвидуваат нови и подобри тестови. Меѓутоа, се разбира за тоа ќе помине прилично време.

Слично е и во другите делови на државата, а бројот на заболени и позитивни секој ден рапидно се зголемува.

Како што знаете жариштето е Њујорк сити и таму бројот на наслениетео е многу голем, а следствено на тоа и кризата е поголема. Дури се планира градот да се стави под карантин.

Луѓето седат во своите домови и се надеваат дека нема да ги “фати” вирусот или ќе поминат со поблаги последици. Доколку некој чувствува симптоми треба да се јави на бројот 311 од каде се даваат насоки.

Поединиците кои имаат симптоми се советуваат да седат дома во изолација од преостанатие членови во семејството и да викнат брза помош само доколу имаат проблеми со дишењето.

Во меѓувреме за сега им се препорачува Taylanol (парацетамол), многу течности и витамин Ц.

Во моментов се работи на тестирање на алтернативни терапии како Антитела тест, DOH Плазма инекции, Hydroxychloroquine и Zithromax.

Болницата Mount Sinai во Њујорк сити почна да користи терапија каде плазмата од антителата на пациентите кои го прележале вирусот им се дава на заболените.

И покрај сите напори се уште е нејасно во однос на предложените алтернативни терапии.

Вакцината се очекува за 18 месеци, а паниката и бројот на заболени расте секој ден.

Болниците се претрупани и се уште се нема доволно медициска опрема“, вели таа.

Од друга страна големи сали и воени бродови се претвораат во мобилни болници.

Пипонска објаснува и какви мерки се преземаат во САД за справување со кризата со коронавирусот.

“Како што рече председателот Доналд Трамп, САД е во војна со опасен вирус. САД има 50 држави и секоја од нив спроведува одредени мерки.

На пример, Калифорнија е “шат даун” до крај на мај за сега, а во Флорида тоа оди малку потешко. Постојат различни видувања и ова е голема тема на дикусија.

Во мометов, ситуацијата е надвор од контрола и живееме во социјална и економска криза како никогаш досега. Меѓутоа лично верувам дека наскоро ќе се најде решение и луѓето ќе се вратат на своите работни места, на еден или друг начин.

Ќе претрпиме огромна штета и економијата кога тогаш ќе се опорави, но изгубените животи никогаш нема да бидет преболени. Иако вирусот се смета за најопасен кај постари луѓе и луѓе кои имаат проблеми со имунитетот, изгубивме и многу млади луѓе.

За сега се што можеме да направиме е да седиме дома, да носиме заштитна опрема кога одиме во супермаркет, да практикуваме дистанца и да се молиме за подобри времиња.

И се разбира да се надеваме дека финасиската помош што ќе се одобри ќе им помогне на болниците  да се справат со болните, како и истражувачките центри да постигнат терапија која ќе биде достапна за сите заболени.

Во понеделник ќе стигне енормна помош на пристаништето во Њујорк сити пратена од Федералнната влада, која би требало да помогне со справувањето на ситуацијата во болниците.

Дотогаш ќе гледаме телевизија, прес конференции и ќе ги чекаме чековите од IRS да ни стигнат. Начионот на живот ќе се промени, а здравјето секогаш било и ќе остне најголемо богаство. Take care & Stay Safe! “, вели таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

14 заболеле во болница: Бројот на здравствени работници со коронавирусот порасна на 21

Четири деца во Македонија се заболени со коронавирусот

Секојдневно се менува: Како изгледа мапата на заболени со коронавирусот во Македонија по градови

Детален преглед: Број на заболени со коронавирусот по скопските општини

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нов закон за СЈО: Колкави ќе бидат платите на специјалните обвинители?

Редакција

Највисока казна за Трајко Вељаноски: Вкупно дваесет и пет години затвор за „Организаторите на 27 април“

Редакција

Семејство од Тетово обвини дека нивен член починал поради недобивање помош од лекарите, од болницата најавија мерки

Редакција