Синоќа во Струмица, во дел од централното градско подрачје и на плоштадот „Гоце Делчев“, се одржа големиот Струмички карневал, како главен настан од овогодишните карневалски свечености.
Во интернационалната карневалска поворка учествуваа околу 1.500 маскирани лица во 49 маски од Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Турција, Грција, Бугарија и Македонија.
Покрај илјадниците граѓани кои го следеа карневалот, на истиот присуствуваа и гости од македонската Влада и Собранието, претставници од дипломатскиот кор, претставници од Федерацијата на европските карневалски градови (FECC) од повеќе европски земји, како и гости од други македонски општини.
Општ е впечатокот дека вечерашниот Струмички карневал е еден од најдобрите во последните неколку години.
Фото: Општина Струмица