На престојното Собрание на акционери на Македонијатурист АД Скопје, една од предлог-одлуките е делењето дивиденда за изминатава година, информираат од Друштвото преку Македонската берза.
За таа цел Друштвото издвоило 81.404.400 денари.
Висината на дивидендата по акција ќе изнесува 200 денари бруто, односно 180 денари нето.
Последен ден на тргување со право на дивиденда е 01.05.2024 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонијатурист со драстичен раст на добивката
Кои се најголеми акционери во Македонијатурист
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.