еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

Epidemic – eден од најдобрите трибјут бендови на Pearl Jam денеска во Скопје

Денеска, петок. во клубот Станица 26 ќе настапи еден од најпочитуваните Pearl Jam трибјут бендови во регионот.

Бендот Epidemic е создаден во 2017 година во Нови Сад како музички проект фокусиран на гранџ музиката, со посебен акцент на наследството на бендот Pearl Jam.

Бендот го сочинуваат талентирани музичари – гитаристите Никола и Невен, тапанарот Угљеша и басистот Марко, а нивната единствена визија ја предводи енергичниот фронтмен Чуфи, чиј глас чудно потсетува на Еди Ведер.

Epidemic не само што ја проширува традицијата на музичката сцена во Сиетл, туку и ја претвора во одлична забава.

И не е само тоа! Журката не почнува со нив туку со скопската предгрупа „Тhe OOZ“ која сонично ја претставува психоделичната монотонија на секојдневието и гласно и хаотично си играат со комбинирање на психоделија, нојз-рок и пост-панк.

Билетите за Pearl Jam трибјутот на Epidemic можете да ги набавите на drugastrana.mk.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Беса нема да оди на средбата со Рама, не сакале да седат на иста маса со ДУИ

Редакција

Миле Зечевиќ, советникот на Заев влезе во Надзорниот одбор на Стопанска банка Битола

Редакција

„Евро консалтинг“ го доби тендерот на ЈП за државни патишта за надзор на рехабилитацијата на патот Крива Паланка-Деве Баир вреден 457.000 евра

Редакција