Специјализирана болница за превенција лекување и рехабилитација на хронични респираторни неспецифични и алергиски заболувања Отешево е комплетно реновирана, информираат од Министерството за здравство.
Подобрени се болнички услови за третман на пациенти, поставен е нов мебел кој е донација од Луксембург, а собите имаат нов инвентар.
Сите амбуланти, лабораторија, дневна соба, ехо кабинет, соба за спирометрија и алерго тестови се позиционирани во реновираниот објект.
Болницата во Отешево опстојува повеќе од 43 години и ова е прво реновирање кадешто значително се унапредени болничките услови.
Во изминатиот период, установата се зајакна и со два апарати за физикална медицина и рехабилитација во склоп на проектот во вредност од 270 илјади денари.
Фото: МЗ