Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти детали зошто денеска за време на фудбалски натпревар во селото Коњаре е уапсен нивинарот Фуркан Салиу, основач и новинар во порталот PortaliX.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Приведен новинарот Фуркан Салиу
-Денеска ( 07.04.2024) околу 17 часот на фудбалскиот стадион во с. Средно Коњари за време на фудбалскиот натпревар помеѓу ФК “БВК Коњаре” и ФК “Куманово”, на дваесетина минути пред крајот на натпреварот дошло до обид домашната публика да се пресмета со гостинските играчи.
Обидот е спречен од страна на службите кои го обезбедуваа натпреварот и натпреварот бил прекинат.
За време на интервенцијата, од страна на две лица нападнати се припадници на Единицата за брзо распоредување. Лицата кои го извршиле нападот веднаш се приведени и утврдено е дека станува збор за Ф.С.(33) од с. Арачиново и Н.Ј. (26) од с. Арачиново, додека С.Б. (40) од с. Арачиново е приведен за учество во тепачка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пиштолот е со дозвола, не нападнав никого, се јави новинарот Фуркан Салиу
Дополнително, околу 18 часот, при преглед на патничко возило “дачија дастер”, сопственост на Ф.С., а управувано од Ф.А.(34) од с. Кондово со сопатник А.Р. (21) од с. Кондово, во багажникот е пронајден пиштол.
СВР Скопје презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, информираа од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Да не се врши притисок врз полицијата: Министерот Тошковски за приведувањето на Фуркан Салиу
ЗНМ бара новинарот Фуркан Салиу да биде пуштен на слобода