еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Да не се врши притисок врз полицијата: Министерот Тошковски за приведувањето на Фуркан Салиу

За приведувањето на новинарот Фуркан Салиу на Фејсбук се огласи и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пронајден и пиштол: МВР со детали зошто е приведен новинарот Фуркан Салиу

-Во однос на приведувањето на лицето Ф.С. од Скопје ја информирам јавноста дека истото е последица на извршен напад на полициски службеници, припадници на Единицата за брзо распоредување кои биле ангажирани за одржување на јавен ред и мир на фудбалски натпревар кој бил оценет како натпревар со безбедносен ризик, а кои во моментот на напад од наведеното лице интервенирале, бидејќи дошло до обид домашната публика да се пресмета со гостинските играчи.

По приведувањето на лицето Ф.С. извршен е преглед на автомобил во негова сопственост и во истиот е пронајден пиштол. Од страна на полициски службеници истиот е приведен во полициска станица каде ќе биде извршен разговор и ќе бидат преземени сите потребни мерки и активности за целосно расчистување и документирање на настанот.

Сакам да истакнам дека ја разбирам загриженоста на Здружението на новинари и Синдикатот на новинарите, но МВР мора да постапува еднакво кон секој кој ќе нападне полициски службеник, согласно утврдените законски процедури. Како министер досега покажав дека се залагам за транспарентност и отчетност за работењето на МВР и така ќе остане, но законите во државата мора да важат за сите подеднакво.

Во тој контекст ги повикувам политичките партии, здруженија, синдикати и сите други релевантни фактори да се воздржат од давање изјави и соопштенија со кои се врши притисок кон полицијата и да остават полициските службеници професионално да си ја завршат својата работа, без политика и исклучиво во согласност со Законот.

Јавноста ќе биде целосно информирана за сите детали поврзани со овој случај веднаш по завршувањето на истрагата, напиша тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пиштолот е со дозвола, не нападнав никого, се јави новинарот Фуркан Салиу

ЗНМ бара новинарот Фуркан Салиу да биде пуштен на слобода

(Видео) Приведен новинарот Фуркан Салиу

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по болниците низ Скопје

Редакција

МНР: Бучковски во Софија, да се искористат сите можности за изнаоѓање решение за разликите

Редакција

Која е Симона Живковска, македонската актерка која ќе глуми во „Црната вдовица“ со Скарлет Јохансон

Редакција