еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по болниците низ Скопје

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 76 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, информираат од Министерството за здравство.

“Вкупно 725 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 34 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 17 примени пациенти и 8 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.

Во Козле биле примени 5 нови болни, а 2 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести.

На Институтот за физикална медицина се примени 6 пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 62 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 315 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 140 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 153 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 32 пациенти.

На Клиниката за детски болести има 16 деца позитивни на Ковид-19 вирусот, а на ГАК има 8 позитивни пациентки.

Во Институтот за физикална медицина и  рехабилитација има 58 болни.

Вкупно 725 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 65 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка“, велат од Министерството.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Загинатите во сообраќајката во Италија се на возраст од 30 до 33 години од Македонска Каменица, Саса и Пекљани

Редакција

Обвинителство го изготви барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски

Редакција

Со хронична и здравствени состојби 277 од заразените со коронавирусот во Македонија

Редакција