еМагазин
Image default
Македонија

Обвинителството почна истрага за измамата со станот за кој шестмина платиле 32 илјади евра капар

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје оформи предмет за случајот со измамата за кој обелодени МИА. Од ОЈО за МИА денеска известија дека пристигнало известувањето од Министерството за внатрешни работи за кое покажувавме континуиран интерес изминативе две недели.

–  Оформен е предмет кој е распределен кај надлежен јавен обвинител кој ќе постапува. Јавниот обвинител ќе ги испита и оштетените и пријавениот, а ќе ги обезбеди и сите материјални докази за утврдување на фактите и проверка на наводите, велат од ОЈО за МИА.

Предметот е оформен две недели по пријавувањето на случајот за кој пишуваше МИА во кој шестмина граѓани товарат агент за недвижности за измама според членот 247 од Кривичниот законик.

Тие велат дека при обид за купување на стан, се измамени за вкупна сума од 32 илјади евра, при што секој засебно, оставил капар од по неколку илјади евра.

Покрај тоа што биле измамени за капар од 10 илјади евра, МИА откри дека двајца од купувачите платиле и данок за промет на недвижности за истиот стан, секој засебно, во вкупен износ од близу три илјади евра.

Да плати данок за истиот стан тргнал и третиот оштетен, кој навреме дознал за измамата и веднаш ја повлекол пријавата за утврдување на данок на промет на недвижности поднесена до Град Скопје.

Од Град Скопје за МИА велат дека поради тоа што случајот е во истражна постапка сите дополнителни информации се во тајност.

Поради пресумпција на невиност и заштита на лични податоци, од приказната беа изоставени идентитетите. МИА продолжува да го следи случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Агент за недвижности за еден стан земал капар од повеќе купувачи: Парите ги нема

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој каде се враќа: Лиле Стефанова во Обвинителството во Радовиш, Фатиме Фетаи и Ленче Ристоска во скопското

Редакција

Албанска полиција: Груевски влегол пеш во Албанија, несомнено нелегално

Редакција

Убава вест: Оздравени 351 заболени од Ковид-19

Редакција