еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Обвинителство го изготви барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски

Основното јавно обвинителство Скопје го изготви Барањето за екстрадиција од Република Турција на Љупчо Палевски, првоосомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

-Јавниот обвинител побара од надлежните власти во Република Турција екстрадиција на лицето за кое е распишана меѓународна потерница, а од ИНТЕРПОЛ, Анкара е добиена информација дека на 05.12.2023 година е уапсен во Република Турција.

Во прилог на барањето за екстрадиција до турските власти ќе биде доставена комплетната потребна документација – наредбата за истражна постапка против осомничениот, решението со кое од Основниот кривичен суд Скопје му е определен бранител по службена должност и му е одреден притвор, како и наредбата за издавање меѓународна потерница.

На турските власти ќе им бидат посочени и применетите одредби од Кривичниот законик во кои е содржан законскиот назив и обележјата на кривичното дело за кое се води истрагата и други релевантни одредби од македонското законодавство, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.

Одделението за меѓународна правна помош на Јавното обвинителство на Македонија, се вели во соопштението, врз основа на Европската конвенција за екстрадиција со дополнителните протоколи, Договорот за правна соработка во граѓанските и кривичните предмети меѓу Република Македонија и Република Турција и Законот за меѓународна соработка во кривичната материја, ова барање за екстрадиција итно го достави до Министерството за правда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Започна постапката за екстрадиција на Палевски од Турција

Во Баликесир во Турција уапсен Љупчо Палевски Палчо

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ахмети: Секој треба да знае дека нема враќање од промената на името

Редакција

Во самоизолација оди премиерот Оливер Спасовски

Редакција

Детална листа: Кои здруженија добија 479.000 евра од Владата за мерки против корона вирусот?

Редакција