На Фејсбук профилот на порталот PortaliX, на кој е основач и уредник, од полициската станица во скопска Автокоманда се огласи новинарот Фуркан Салиу, кој денеска беше приведен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Приведен новинарот Фуркан Салиу
-Од објективни причини не можам да пишувам во мојот личен профил. Во моментов сум задржан во полициската станица во Автокоманда.
Жал ми е што со моето однесување можеби влијаев ситуацијата да ескалира за да завршам со лисици. Жал ми е и ако ве разочарав вас што верувавте во мојата работа. Ве уверувам дека јас не ја нападнав полицијата.
Иако се беше снимено, полицијата ги избриша материјалите во полициската станица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пронајден и пиштол: МВР со детали зошто е приведен новинарот Фуркан Салиу
Што се однесува до пиштолот што беше пронајден во мојот автомобил… Пиштолот е со дозвола и пронајден во мојот автомобил. За време на моето апсење, телефонот и клучевите ми испаднаа од џебот и ги зеде снимателот.
Без судски налог и без јас да бидам присутен како сопственик на автомобилот, беше претресен автомобилот од страна на специјалната единица.
Делото за кое се товарам, напад врз полицаец, не држи вода и никогаш не може да се докаже. Ви благодарам за поддршката и се надевам дека ќе се видиме наскоро, напиша тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Да не се врши притисок врз полицијата: Министерот Тошковски за приведувањето на Фуркан Салиу
Фото: Фејсбук/Салиу