Државниот завод за статистика соопшти дека бројот на туристи во февруари е зголемен за 7,9 проценти во споредба со истиот месец лани, а бројот на ноќевања за 7,7 проценти.
Во февруари имало 44.224 туристи од кои 61 процент биле странски туристи, а 39 проценти домашни туристи.
Регистрирани се 89.362 ноќевања од кои 55,3 проценти биле ноќевања од странски туристи, а 44.7 проценти од домашни туристи.
Во периодот јануари – февруари во однос на истиот период минатата година, бројот на туристи е зголемен за девет проценти, а бројот на ноќевања за 11,6 проценти.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.