еМагазин
Image default
Бизнис

Одлуката за осигурување на автомобили е еднострана и штетна за бизнис секторот и економијата во државата, сметаат од Стопанска комора на Северо-Западна Македонија

Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија ја оквалификува одлуката на Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност како не поддржувачка на бизнисот и економската благосостојба.

„На многу бизниси им е потребно да се поддржуват на возила за извршување на нивните активности, како што се транспорт на стоки, услуги или вработени. Повисоки цени на полисите за осигурување на автомобили може да имаат пошироки макроекономски ефекти со намалување на довербата и трошењето на потрошувачите, кои се суштински двигатели на економскиот раст.

Амбиентот за водење бизнис станува дестимулирачки за локалните компании како и за странските инвестиции, со што се оставаат долгорочни последици, но и во спротивност на ЕУ со законодавниот систем кој сè уште му дозволува на Министерството за финансии да одлучува за премиите за осигурување на автомобили, што е спротивно на acquis на ЕУ.

Со оваа донесена одлука од страна на Комисијата за автоодговорност се ограничуваат ингиренците на другите релевантни фактори како што се компаниите, со која цените за автоодговорност се контролираат целосно од државата,“ велат од Комората.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вратени старите цени за осигурување при регистрација на возила

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Еси времено вработување“ го доби тендерот на Министерството за труд за привремени вработувања вреден 68.000 евра

Редакција

Раст на индустриското производство од 1,1% на годишно ниво

Редакција

„Макпетрол“ за шест месеци оствари добивка од 3,8 милиони евра

Редакција