еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ ги договориле општите начела на соработка за идната влада

На денешната средба помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ биле договорени општите начела на соработка за идната влада, која ќе се базира на три постулати: евроинтеграции, забрзан економски развој, борба против криминалот и корупцијата и владеење на правото.

„Заклучено е дека двете страни ќе формираат работни групи, на кое ниво ќе продолжат разговорите до нивно финализирање,“ информираа од ВМРО-ДПМНЕ.

На средбата од ВМРО-ДПМНЕ биле присутни претседателот Христијан Мицкоски, потпретседателите Александар Николоски, Владо Мисајловски, Тимчо Муцунски и Гордана Кочоска Димитриеска, како и шефот на кабинет на претседателот, Владимир Нелоски, а од „Вреди“ Арбен Таравари, Изет Меџити, Биљал Касами и Африм Гаши.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ахмети тврди дека со лидерите на „Вреди“ потпишале документ за уставни измени

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Жители од Оризари упаднаа во ЕВН Куманово, оти жителите на Слупчане ги оставија без струја

Редакција

Поради смртен случај на еден од обвинетите, презакажана главната расправа за „Моќник“

Редакција

32-годишен маж пронајден мртов во стан во Кочани, каде бил потстанар

Редакција