Уште двајца министри во бугарската Влада денеска ќе поднесат оставки.
Шефицата на дипломатијата Теодора Генчовска и министерот за енергетика Александар Николов поднесоа барања за напуштање на кабинетот.
Тоа е резултат на одлуката на бугарската партија „Има таков народ“ да стави крај на владејачката коалиција и да го напушти кабинетот.
Според лидерот на таа партија има две причини за тоа – двојната политика на премиерот Кирил Петков кон Северна Македонија и беспарицата во земјата.
По излегувањето на партијата од власта, оставки веќе поднесоа министерот за спорт Радостин Василев и за регионален развој и јавни дејности Гроздан Караџов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лидерот на „Има таков народ“, Слави Трифонов: Ја напуштив владата поради Македонија
МИА/Фото: Влада
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.