еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

H&M влегува во Македонија, првата продавница ќе биде во Ист гејт мол

H&M Hennes & Mauritz AB (H&M) меѓународниот ланец на продавници, познат по одржлива мода и квалитет по најдобра цена, летово ќе ја отвори првата продавница во Македонија, во Ист гејт мол во Скопје, информираат од таму.

„Многу сме среќни што ја отвораме првата продавница на H&M во Северна Македонија. Верувам дека ќе биде омилена модна дестинација за сите оние кои сакаат да изгледаат и да се чувствуваат добро”, изјави Мина Карлберг, менаџер за продажба на H&M Грција, одговорна за пазарите во Грција, Кипар, Бугарија, Хрватска, Србија, Грузија, Босна и Херцеговина и Македонија.

Продавницата H&M во Скопје (2.300 м2) ќе понуди широк избор на производи по најновите трендови, како и безвременски класици, кои ќе бидат инспирација за клиентите да го креираат својот личен стил.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

593 нови случаи на Ковид-19 од 3.391 тестирања, бројката на активни е 6.875

Редакција

Девет починале: Вкупно 1.013 лица по вторпат заболеле од Ковид-19, две по третпат

Редакција

Нов сој на Ковид-19, најзаразен досега, молскавично се шири низ светот

Редакција