еМагазин
Image default
Локално

Кои се условите: Град Скопје го објави повикот за субвенции за набавка на инвертери

Градот Скопје го објави јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на високоефикасни инвертер клима уреди за затоплување за 2022 година, на кој граѓаните може да аплицираат онлајн на uslugi.skopje.gov.mk.

-На повикот може да аплицираат лица што набавиле инвертер клима уреди почнувајќи од 01.01.2022 година и се жители на Град Скопје од општините Гази Баба, Аеродром, Кисела Вода, Карпош, Чаир, Шуто Оризари, Центар, Ѓорче Петров, Бутел и Сарај, кои ги исполнуваат предвидените услови.

Повикот ќе биде отворен до 01.11.2022 година или до денот на исцрпување на средствата. Јавниот повик ќе се реализира по редослед на аплицирање, односно по дата и време на аплицирање и по испратена потврда за предадена печка, соопшти Град Скопје.

Согласно условите од јавниот повик, се вели во соопштението, граѓаните за да добијат субвенции за инвертери ќе треба доброволно и без надомест да ги предадат постојните печки на дрва, јаглен, нафта или мазут.

Средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира се во нето износ не повеќе од 62.000 денари.

-На Јавниот повик немаат право на учество жителите (домаќинствата) кои имаат станбен објект со приклучок на градско централно греење  без оглед на тоа дали го користат, како и лица кои претходно добиле субвенции за набавка на печки на пелети или инвертери.

Документацијата потребна за онлајн аплицирање e достапна на интернет страната на Град Скопје www.skopje.gov.mk , а аплицирањето се врши преку платформата – uslugi.skopje.gov.mk, велат од Градот и нагласуваат дека во буџетот на Град Скопје за 2022 година за оваа намена се предвидени 24 милиони денари.

Повеќе информации за јавниот повик на македонски јазик може да се добијат на линкот skopje.gov.mk, а на албански јазик на линкот skopje.gov.mk.

Градските власти посочуваат дека овие субвенции се дел од мерките што Градот Скопје ги има предвидено во Планот за подобрување на квалитетот на воздухот и Акциониот план на Стратегијата за климатски промени на Градот.

-Согласно со многубројните истражувања за квалитетот на воздухот во Скопје најголемо учество во емисијата на ПМ10 и ПМ2,5 честичките има затоплувањето на домовите кои немаат централно греење.

Ова се јавува, пред се, заради нецелосното и несоодветно согорување на огревното дрво, лошиот квалитет на дрвото, начинот на неговото чување и употребата на стари, дотраени и технички неисправни печки. Инвертерите за затоплување се економични, еколошки, не користат фосилни горива, а истовремено се ефикасни при затоплувањето на домовите, истакнуваат од Град Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По сообраќајка косовско „БМВ“ паднало во Лепенец, едно лице пренесено во ГОБ „8 Септември“, по три се трага

Редакција

Затворени седум локали во Скопје кои не ги почитувале мерките на Владата против коронавирусот

Редакција

Единаесет лица од струшко се тепале на бензиска пумпа во Велешта

Редакција