еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

По сообраќајка косовско „БМВ“ паднало во Лепенец, едно лице пренесено во ГОБ „8 Септември“, по три се трага

Возило со косовски регистарски таблички паднало во реката Лепенец на патот Скопје – ГП Блаце. Во возилото покрај возачот имало и тројца сопатници.

Едно лице е извадено од реката и пренесено во ГОБ „8 Септември“, а по останатите три лица се трага, информираат од Министерството за внатрешни работи.

– Денеска (17.06.2023) околу 15 часот е пријавено дека на патот Скопје-ГП Блаце се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски таблички, управувано од Б.Б. од Скопје и патничко возило „бмв“ со косовски регистерски таблички, управувано од Н.П. од Косово, кое по несреќата паднало во реката Лепенец, стои во соопштението од МВР.

Оттаму дополнуваат дека во возилото „бмв“, покрај возачот, имало и тројца сопатници.

-Едно лице е извадено од реката и пренесено во ГОБ „8 Септември“, а по останатите три лица се трага, велат од МВР, дополнувајќи дека по лицата трагаат екипи од Одделот за специјални полициски операции.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вработена во Домот за доенчиња и мали деца во Битола во алкохолизирана состојба, врзала едно од децата за кревет

Редакција

Гореше „БМВ“ во село Грчец

Редакција

Пресуди за „крвавиот четврток“: Чавков осуден на 18 години затвор, Нинџа на 8 години, Игор Дурловски е ослободен…

Редакција