еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

МНР повикува на внимателност при изјавите на државните функционери и почитување на Преспанскиот договор

Откако вчера македонската претседателка Гордана Силјановска Давкова при заклетвата не го користеше уставното име, денеска со реакција се јавија и од македонското Министерство за надворешни работи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Видео од заклетвата на Силјановска Давкова на која регираа Грција и ЕУ

МНР, како што велат од таму, ја потврдува цврстата определба на земјата кон недвојбено почитување на уставните одредби, како и сите меѓународно преземени обврски како што е целосното почитување на Договорот за стратешко партнерство меѓу Македонија и Грција, познат како Договорот од Преспа.

„Изминативе седум години, двете соседни земји развија исклучително високо ниво на политички дијалог, кое резултираше и со неколкукратно зголемување на економската соработка и изградбата на позитивни врски меѓу луѓето.

Овие придобивки резултираа со членството на земјата во НАТО, отворање на преговорите со Европската Унија, како и со надградба на Стратешкото партнерство во Стратешки дијалог со САД,“ се вели во соопштението на МНР.

Оттаму повикуваат на внимателност од страна на сите политички чинители, особено на избраните државни функционери.

„Задржувањето на евроатлантскиот курс на земјава претставува основен стратешки интерес и гарант за долгорочната безбедност и стабилност на земјата,“ додаваат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Давкова ја потпиша заклетвата со уставното име, што е знак дека ја прифатила реалноста, велат од „Вреди„

Силјановска Давкова грубо го крши Договорот од Преспа, реагираат од грчко МНР

Европска унија реагира зашто Силјановска Давкова не употреби Северна Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полицискиот час не го почитувале 33 лица, приведени 20

Редакција

Основниот суд Велес ќе му суди на судијата Владимир Панчевски

Редакција

Шаќир Фетаху избран за нов поглавар на ИВЗ

Редакција