По бурните реакции во земјава и надвор за неупотребата на уставното име, денеска се огласија и од Кабинетот на претседателката на Македонија, Гордана Силјановска Давкова, од каде велат дека во своите јавни настапи, таа има право да го употребува името Македонија, како чин на лично право на самоопределување и самоидентификација, почитувајќи ги основните човекови права и слободи, и согласно европските вредности и начела.
-Претседателката Гордана Силјановска Давкова ќе се придржува до официјалната примена на уставното име. Согласно Уставот, како што беше подготвена од службите на Собранието, свечената заклетва беше потпишана со користење на уставното име.
Македонските институции во последниве пет години речиси целосно ги исполнија обврските од Преспанскиот договор и претседателката очекува сите македонски партнери да ги почитуваат билатералните и мултилатерални обврски кои ги презеле кон земјата, се наведува во соопштението од Кабинетот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Силјановска Давкова не употреби „Северна“, ама ја потпиша изјавата со уставното име
Видео од заклетвата на Силјановска Давкова на која регираа Грција и ЕУ
Фото: Собрание