Меѓународниот кривичен суд во Хаг бара налози за апсење на лидерот на Хамас, Јахја Синвар и на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по обвинувањата за воени злосторства и злосторства против човештвото во војната во Газа, соопшти во интервју за американската телевизија Си-ен-ен главниот обвинител на Судот, Карим Кан.
Се бараат налози за апсење и на израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, и на уште двајца високи функционери на Хамас – Мохамед Диаб Инбрахим ал Масри, лидер на бригадите Ал Касим попознат како Мохамед Деиф и на Исмаил Ханијех, политичкиот лидер на Хамас.
Барањето налози за апсење за израелските политичари е прв случај во кој Судот сомничи лидери на близок американски сојузник, но и на политичари кои доаѓаат од земја која важи за демократска.
Барањето сега треба да го разгледува Советот на судии на Меѓународниот кривичен суд во Хаг.
Обвиненијата против Синвар, Ханијех и ал Масри вклучуват „истребување, убиство, земање заложници, силување и сексуален напад во притвор“.
Обвинувањата против Нетанјаху и Галант вклучуваат „предизвикување истребување, предизвикување глад како методи на војна, вклучувајќи ускратување хуманитарна помош, намерно убивање цивили во конфликтот“.
Фото: Унсплеш