Пратеникот на СДСМ, Јован Митрески, кој до пред извесно време беше претседател на македонското Собрание, вчера заедно со Весна Бендевска од ЗНАМ – За наша Македонија и Антонио Милошоски беа избрани за нови потпретседатели на Собранието.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бендевска се заколна во “РС Македонија“, Милошоски не, бил болен
Милошоски, Митрески и Бендевска избрани за потпретседатели на Собранието
еМагазин го разгледа анкетниот лист на Митрески, кој го доставил до Антикорупциската комисија кога станал пратеник во претходниот пратенички состав.
Сега во рок од 30 дена треба да достави нов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Јован Митрески, кој е избран за потпретседател на Собранието
Каков имот пријавил
На свое име пријавил само возило Сузуки гранд витара.
На име на родителите пријавил две куќи во Струга, кои се од наследство.
На нивно име пријавил и земјиште и лозје, исто така во Струга.
Неговата сопруга пак има две возила, Лада нива и Форд мондео. На нејзино име пријавил и денарски депозит од 420 илјади денари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавила Весна Бендевска, која е избрана на потпретседател на Собранието
Фото: Собрание