Нама да има Факултет за здравствени науки на Меѓународниот Универзитет во Струга на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, кадар на ДУИ, кој заврши на т.н. црна листа на САД.
Денеска Одборот за акредитација на високото образование на седница ја поништи акредитацијата за овој факултет, која ја даде пред неколку денови.
-Со оваа Одлука на Одборот за акредитација на високото образование се поништуваат и сите други правни дејства во врска со почеток со работа на Факултетот за здравствени науки на приватната високообразовна установа Меѓународниот Универзитет во Струга, информираа од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На Медицинскиот факултет на Мерко неможе да се запишат студенти, не се исполнети условите
Универзитетот на Мерко доби дозвола од Шаќири да се студира и медицина
Фото: Мерко/Фејсбук