Од Негорски бањи АД Негорци, Гевгелија, преку Македонската берза информираат за промени во Одборот на директори (ОД).
За претседател на ОД и неизвршен член е избрана Ана Костовска од Скопје, која доаѓа на местото на Коста Костовски.
За извршен член на ОД и извршен директор е избран Димитар Јаневски од Гевгелија, а за неизвршен независен член Филип Костовски од Скопје.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.