еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Нов проект ќе го премости јазот во вештините и ќе создаде можности за вработувања за жените и младите во Западен Балкан

Во земјите од Западен Балкан постои висока невработеност меѓу младите, а истовремено има значителен недостиг од механичари и возачи на камиони. Со цел да помогне околу решавањето на овој проблем, Шведска преку Сида, заедно со Хелветас и Групацијата Волво, ќе соработуваат во стручната обука што се темели на потребите на автомобилската индустрија.

Силен акцент ќе се стави на интегрирање на младите жени и младите на пазарот на трудот, конкретно во транспортниот сектор. Проектот ќе се фокусира на одржливи и еколошки решенија, притоа нагласувајќи ги вештините што се потребни за ракување со зелената технологија во денешните камиони.

„Важно е на жените и младите да им се понудат можности за работа поради кои ќе им биде привлечно и можно да останат во регионот, но и да се осигури дека овие можности ги опфаќаат и маргинализираните групи. Можноста младите жени и мажи да стекнат вредни вештини не само што ја подобрува нивната вработливост, туку и поттикнува економски развој и регионална стабилност.

Исто така, преку овој проект ќе се промовира посовремена технологија која го олеснува позелениот транспорт и трговија“, рече шефот на Одделот за Европа и Латинска Америка во Сида, Лиса Фредриксон.

Новиот проект ќе посвети внимание на премостување на јазот во вештините во тешката и транспортната индустрија преку обезбедување специјализирано стручно образование и обука (СОО) на млади мажи и жени првенствено во Босна и Херцеговина, Македонија и Србија.

Не само што ќе направи локалните млади да се стекнат со потребните вештини за да станат вешти механичари за камиони, туку има за цел да ја промовира и родовата еднаквост и социјалната инклузија во индустријата. Новиот проект ќе го спроведе Хелветас во соработка со Групацијата Волво Group и Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Сида) во рамките на програмата Reconomy поддржана од Сида. Сида учествува со 17,3 милиони шведски круни во проектот.

Накратко, проектот е осмислен да обезбеди модерна обука за да одговори на променливите барања на пазарот, да донесе нови и еколошки поодржливи технологии и да ја зголеми вработливоста на младите мажи и жени.

„Со овој нов проект, ја засилуваме нашата соработка со шведската влада и го користиме големото пазарно познавање на Групацијата Волво за да им овозможиме на младите од Западен Балкан да стекнат висококвалитетни, релевантни вештини кои ќе им отворат нови можности за вработување и ќе поттикнат инклузивен економски развој заснован на поефикасна и позелена технологија“, рече извршниот директор на Хелветас, Мелкиор Ленгсфелд.

Проектот ќе воведе специјалистичко образование за мехатроника кај тешки возила, приспособено за учениците во стручното образование и обука, како и за возрасните ученици. Се очекува ова решение со брза реакција да даде резултати, благодарение на неговиот фокус врз итните потреби на индустријата. Клучна компонента на проектот е неговата посветеност на зелената транзиција. Тој има за цел да воведе одржливи практики и технологии во камионската индустрија. Програмите за обука ќе вклучат зелени вештини неопходни за управување и одржување на модерни, еколошки тешки возила, вклучувајќи познавање на електрични и хибридни камиони.

Групацијата Волво значително ќе придонесе за проектот преку обезбедување врвна опрема и стручно знаење, осигурувајќи дека обуката е усогласена со најновите стандарди и технологии во индустријата.

„Многу сме среќни што сме дел од овој проект. Тој е сеопфатен и се однесува на важна област – да привлече млади мажи и жени да станат техничари и да ги зголеми нивните можности за вработување. Во исто време, проектот ќе создаде свест за можностите во нашата индустрија, ќе ги подготви студентите со вистинските вештини и ќе понуди кариерна обука. Ова ќе обезбеди добар проток на стручни техничари и на крајот ќе го зголеми задоволството на клиентите во нашите работилници“, рече Роберт Гроздановски, виш потпретседател Волво Тракс.

Проектот вклучува и значајни инвестиции за одржување на поддржувачка деловна средина која ги поттикнува иновациите и инвестициите. Овој холистички пристап има за цел да промовира создавање на поотпорни и одржливи системи во регионот.

Проектот треба да започне во наредните месеци со регрутирање на проектен кадар по што ќе следува темелен избор на локални училишта во трите земји со цел тие да се поддржат во подготовката и спроведувањето на првите обуки во септември 2025 година. Првата фаза од проектот ќе се спроведува до крајот на 2026 година.

Сида (Шведската агенција за меѓународна развојна соработка) е владина агенција која работи на создавање подобри услови за живот за луѓето кои живеат во услови на сиромаштија и угнетување. Активностите на Сида се финансираат од шведските даночни приходи.

Групацијата Волво е еден од водечките светски производители на камиони, автобуси, градежна опрема, како и поморски и индустриски мотори. Групацијата Волво обезбедува и комплетни решенија за финансирање и сервисирање. Волво, кој вработува приближно 104.000 луѓе, има производствени капацитети во 18 земји и ги пласира своите производи на повеќе од 190 пазари.

Хелветас е меѓународна невладина организација со седиште во Швајцарија. Хелветас е посветена на праведен свет во кој сите луѓе достоинствено и безбедно го одредуваат текот на својот живот, користејќи ги еколошките ресурси на одржлив начин. Хелветас ги поддржува сиромашните и обесправени луѓе и заедници во речиси 40 економии во развој и транзиција во Африка, Азија, Латинска Америка и Источна Европа.

ПР-објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Енергија на дофат со нов вкус – Имлек Протеин шејк со ф’стак претставен на Fashion Weekend

Редакција

(Фото) Кривата на излекувани пациенти стрмо расте, додека бројот на активни случаеви има одличен пад

Редакција

(Фото) Андријана Јаневска промовираше книга со 150 македонски песни од Мала Преспа, Голо Брдо и Гора

Редакција