еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Разрешен Еролд Муслиу, Габриела Јаковлева е нова директорка на Агенцијата за разузнавање

Македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова го разреши директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу.

Нова директорка на Агенцијата е Габриела Јаковлева, која како што информираа од Кабинетот на претседателката работела во Агенцијата.

Разрешена е и заменик-директорката во Агенцијата, Александра Бакреска Додовска, а на нејзино место е именувана Ивана Стојановска, која исто така работела во Агенцијата.

Муслиу, кој на оваа позиција е втор мандат, смета дека одлуката на Сиљановска Давкова е попуштање пред партиските притисоци.

Тој вели дека нема да навлегува во политичката логика и автономија при носењето на ваквата одлука од страна на претседателката, но, како што пишува во неговата реакција, во случајот со неговото разрешување отсуствуваат законската оправданост и мерит-системот, за кој, како што вели, Сиљановска Давкова постојано зборувала во јавноста.

„Посебно сум разочаран од постапката и начинот кој го избра при моето разрешување, не покажувајќи доблест да се сретнеме на прва информативна средба на која би добила брифинг за природата на работата на Агенцијата и за безбедносното опкружување и актуелната состојба во регионот“, стои меѓудругото во писмената реакција на Муслиу.

Согласно Законот за Агенцијата за разузнавање, со Агенцијата раководи директор кој го именува и разрешува претседателот на државата. Тој се именува за време од четири години со право на реизбор за уште еден мандат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Еролд Муслиу, кој е разрешен од директорската позиција во Агенцијата за разузнавање

Фото: 360 степени

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Што е Појасот Газа, од каде Хамас го нападна Израел

Редакција

Мијалков осуден на 12 години затвор за „Таргет-Тврдина“

Редакција

Милошоски направи математика за мнозинство без ДУИ: СДСМ 49 + 2 ГРОМ + 3 БЕСА + 1 Амди + 1 Јусуф Турска + 8 Независни = 64

Редакција