Во екот на туристичката сезона во Охрид и оваа година се оддржува седмото издание на Beach Film Festival од 17.до 21. јули 2024 година.
„Овогодинешното издание нуди богата програма со филмски проекции и музички перформанси на 4 локации во Охрид, и тоа: Плажа Славија, Плажа Сараиште, Брод Армада и Младински културен центар.
Оваа година земјата во фокус е Шпанија со поддршка од шпанската амбасада на Р.С.М. и ќе се прикажат филмови за сите возрасти, вклучувајќи ги и најмалите. Филмовите смело ја опишуваат моменталната состојба на светот, современите проблеми, миграциите, правата на децата, семејствата и врските,“ се вели во соопштението.
Ќе бидат прикажани како претпрограма од 3 – 7. јули 2024 на Плажата Сараиште и проекциите ќе бидат од отворен карактер, бесплатни за сите посетители.
„Beach Film Festival секоја година расте не само квантитативно со бројот на филмови кои се прикажуваат, но и квалитативно со изборот на европски филмови. Фестивалот од година во година станува препознатлив бренд на летната сезона во Охрид и особено ја привлекува младата публика која го одбира Охрид за летен одмор целно во периодот додека трае фестивалот,“ се додава во соопштението.