еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(Фото) Неделен РЕсет вежбање на отворено со Елена Бубало во организација на Реплек

Сите љубители на физичката активност, здрав начин на живот и одржување на виталност имаа исклучителна можност во паркот на Франкофонијата во Скопје да вежбаат фитнес под водство на познатата инструкторка Елена Бубало.

Во неделата над 70 лица се приклучија и ја искористија оваа прекрасна можност за утрински РЕсет со групно вежбање на отворено. Настанот е дел од програмата РЕсет, која е во организација на Реплек, а целта е поттикнување на здрави навики за добросостојба. Во таа насока, Реплек обезбеди соодветна опрема и пијалаци за сите кои вежбаа, информираа од таму.

РЕсет настаните со Елена Бубало ќе продолжат и во следниот период преку организација на уште два настани од овој вид, за кои веќе постои голем интерес, а ќе следуваат и друг тип на активности.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стопанска комора: До 4,5 милиони денари трошоци кај фирмите поради отсуство на работниците

Редакција

„Соларпро холдинг“ го доби тендерот на ЈП „Исар“ за набавка на струја вреден 724.000 евра

Редакција

(Видео) “Добродојдовте во иднината“: Маск ги покажа хуманоидниот робот и роботското такси

Редакција