еМагазин
Image default
МАКЕДОНСКО ТОП СТОРИИ

Почит кон своите корени: Предпремиера на „Македонисимо“ на Трпчески во струшкото село Збажди

Со почит кон своите корени, македонскиот пијанист од светски глас Симон Трпчески на 27 август ќе ја изведе претпремиерата на својот проект „Македонисимо“ во родното место на неговиот татко, струшко село Збажди.

Во предвечерието на големиот христијански празник Голема Богородица, Трпчески и пријателите пред публиката, ќе изведат прилагодена програма од албумот „Македонисимо“.

Овој проект, во чии рамки на оригинален начин се обработува македонската народна музика од страна на нашиот композитор, Панде Шахов, кој, како што вели Трпчески, со својот посебен музички јазик ја обои на многу поинаков начин, испреплетувајќи со нашата традиционална музика различни музички стилови.

Уникатниот тим на проектот – квинтетот го сочинуваат и Александар Краповски на виолина, Александар Сомов на виолончело, на кларинет, саксофон и на кавал Хидан Мамудов, а зад удиралките е Влатко Нушев.

– Бидете и Вие дел од ова несекојдневно доживување, во очекување на скорешните изведби на Македонисимо на сцените од каде што се изнедри ова вонвременско музичко патешествие што го освои светот, велат од Здружението за култура и уметност „КултурОп“.

Трпчески ја заврши својата концертна сезона 2021/22 со концертот во петокот, на 5 август на светски познатата сцена „Театро Колон“ во Буенос Аирес, што „Нешнл Џиографик“ ја вбројува во десетте најубави оперски сали во светот.

На овој концерт му претходеа и аплаузите и овациите што Трпчески само во последните 30-тина дена ги собра на сцените на уште 3 континенти: во Хрватска (рецитал во Загреб во рамките на „Гричките вечери“), Јужна Кореја (со рецитал и на барање на публиката повторна изведба на Македонисимо), Соединетите американски држави (со Грант Парк оркестарот на престижната отворена сцена во Чикаго), а во Отава, Канада во рамките на „Камерниот музички фестивал“ се случи и северноамериканската премиера на проектот.

Фото: КултурОп

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Захариева неинформирана: Бугарски културен центар во Македонија има уште од 2005 година

Редакција

Од Туфи до Хурем: Која беше Билјана Беличанец

Редакција

Реконструкцијата на Владата и денеска на дневен ред во Собрание

Редакција