еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Реконструкцијата на Владата и денеска на дневен ред во Собрание

Во Собранието денеска на пладне треба да продолжи дебатата за реконструкцијата на Владата, со која во владината коалиција влегува Алијансата за Албанците, која има осум пратеници, а излегуваат Алтернатива и како што синоќа најави и Демократскиот сојуз.

Пратениците во рамки на 104. седница треба да продолжат со расправата по точката за Предлогот за разрешување на тројцата министри од редовите на Алтернатива, Беким Сали за здравство, Адмирим Алити за информатичко општество и администрација и Џемаил Чупи, министер без ресор задолжен за дијаспора.

Претходно, на друга седница Собранието ги констатира оставките на министрите за правда и за животна средина и просторно планирање, Никола Тупанчевски и Насер Нуредини, како и на замениците министри за правда и за здравство, Агим Нухиу и Владимир Рендевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Никола Тупанчески, кој не е повеќе министер за правда

Каков имот пријавил Насер Нуредини, кој не е повеќе министер за животна средина и просторно планирање

На дневен ред на 104. седница се и Предлогот за избор на членови на Владата, Предлогот за разрешување на заменици на министри и Предлогот за именување на заменици на министри.

За нови министри, премиерот ги предложи Кренар Лога за правда, Фатмир Меџити за здравство, Азир Алиу за информатичко општество и администрација, тројцата од редовите на Алијансата за Албанците, како и Каја Шукова од СДСМ за животна средина и просторно планирање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Го советувал и Груевски: Кој е Азир Алиу, кандидатот за министер за информатичко општество и јавна администрација на Алијанса за Албанците

Која е Каја Шукова, кандидатката за нова министерка за животна средина и просторно планирање

Му бил советник на Таравари: Кој е Фатмир Меџити, кандидатот за министер за здравство на Алијанса за Албанците

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од грип починале 39-годишно лице од Скопје и 66-годишник од Велес

Редакција

Грчка Ајефимерида: Од тајните фондови на грчкото МНР со 1 милион евра биле финансирани македонски и албански медиуми

Редакција

Прекршочна пријава за вработен во Агенција за обезбедување за инцидентот со новинарката за Водици

Редакција