еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Сашо Клековски назначен за в.д. директор на Фондот за здравствено осигурување

Сашо Клековски од владејачката ВМРО-ДПМНЕ од страна на Владата е назначен за в.д. директор на Фондот за здравствено осигурување.

Клековски завршил Медицински факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје и МБА академска програма на УАЦС.

Од Владата велат дека тој има триесет годишно искуство како менаџер, аналитичар, консултант во јавниот, граѓанскиот и приватниот сектор.

Основач е и член на органи на повеќе граѓански организации, а соработувал со голем број на граѓански организации, мрежи и платформи од различни подрачја, велат од таму.

Бил прв ко-претседател на Заедничкиот консултативен комитет на граѓанското општество меѓу Европската Унија и Република Македонија од 2007 година до 2010 година, како и предавач на Факултетот за деловна економија и менаџмент на УАЦС на МБА студии по предметот “Претприемнички финансии“ од 2013 до 2016 година.

-Во јавниот сектор работел на подготовка на повеќе национални стратегии, како на пример првата Стратегија за соработка на Владата со граѓанскиот сектор 2007-2011 година и првата Државна програма за превенција и репресија на корупцијата 2007-2011 година, како и на јакнење на капацитетот на институции, како што се Народен правобранител и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Во приватниот сектор работел на стратешки анализи, како на пример Индексот за бирократија во 2020 и 2021 година и како консултант на реструктуирање на бизниси, велат од Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Оливер Миланов нов в.д. директор на Агенцијата за храна и ветеринарство

Гоце Димовски назначен за в.д. директор на ТИРЗ

Александар Пандов именуван за в.д. директор на Управата за извршување на санкции

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кумановската болница го адаптираше одделението за психијатрија и неврологија во нов Ковид центар

Редакција

Антикорупционерите бараат одговорност од ректорот на УКИМ, Никола Јанкуловски бидејќи со години си земал две плати

Редакција

Комисијата за заразни болести денеска разговара за можни дополнителни рестриктивни мерки

Редакција