Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК-, Стојанче Ангелов изјави дека пожарот на Серта не е ставен под контрола поради непристапен терен
Наспроти изјавата на Ангелов, од Владата претходно изјавија дека пожарот е под контрола, но ќе продолжи гаснењето.
“Ветерот кој што честопати денеска го смени правецот, како и високите температури го отежнуваат гаснењето на пожарот на планината Серта,” изјави Ангелов.
Тој истакна дека непристапниот густ предел е дополнителен проблем во гаснењето на пожарот кој веќе неколку дена беснее на планината.
„Од рано наутро гасневме со еден полициски хеликоптер и со два армиски хеликоптери, а нешто подоцна и со два ер-трактори на Дирекцијата за заштита и спасување, но и покрај тоа за жал, огнот повторно гори. Војската е активна на терен со 103 војници кои учествуваат во гаснењето на пожарот како и 30 припадници на МВР, кои даваат голем допринос на локалните пожарникари и локалното население,“ изјави Ангелов од терен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пожарот на планината Серта е ставен под контрола, но се уште се гаси
Фото: МВР