Во Охрид е направен првиот робот – хуманоид во регионот, кој ќе биде прв што во Македонија ќе биде ставен во оператива, пренесува локалната телевизија ТВМ.
Наликува на човек и ги инкорпорира сите функции на груба и фина роботика и лесно може да учи од однесувањето на човекот и да се надградува и усовршува во професионален контекст.
Може да најде примена во хотелско угостителскиот сектор.
„Сигурно ќе најде примена во многу области, прво е туризмот и угостителството знаеме дека човештвото надмина 8 милјарди луѓе светска популација и туризмот е една од гранките во експоненцијален раст со тоа што тргнувајќи од дома па и во другите држави се соочуваме со недостиг на кадар така што работите се конципирани да го заменат човекот во тие физички и репетитивни активности да можат евентуално да ни остават повеќе слободно време за себе си“, вели професорот Анис Сефиданис од УИНТ Св Апостол Павле Охрид.
Фото: ТВМ/видео: Сефиданис/Фејсбук/ТВМ