Современ дом АД Прилеп во првото полугодие од годинава остварил добивка во износ од 8.050 илјади денари и споредбено со истиот период од минатата година истата е намалена за 18%, информира Друштвото преку Македонската берза.
Во овој период Друштвото има вкупни приходи од 52.123 илјади денари, кои се намалени за околу 25% во однос на истиот период во 2023 година.
Вкупните расходи изнесуваат 44.073 илјади денари и истите се намалени за околу 27% во однос на истиот период лани, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Современ дом со намалена добивка и приходи во првиот квартал
Колку пари заработиле членовите на Одборот на директори на Современ дом лани
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.