Пожар со кастастрофални размери ја зафати околината на Пехчево, загрозени се околината на градот Пехчево, но и самиот град.
Градоначалникот Александар Китански информира дека во гаснењето на пожарот се вклучени противпожарни екипи од повеќе градови од Источниот плански регион, вклучена била и авионска поддршка, голем број на граѓани од градот Пехчево и целата Малешевија, но, како што вели, потребни се многу луѓе и ресурси за справување со огнената стихија која потпомогната од ветерот засега е надвор од контрола и прети да ги уништи убавините на Малешевијата и населените места.
„Се повикуваат сите институции, фирми и организации од Републиката и се замолуваат сите граѓани од целата држава да се упатат кон Пехчево со цел справување со огнот кој се движи кон градот. Екипите на терен не се во можност да се справат со огнените јазли кои ја зафатија целата шума околу градот и околните села.
Од терен јавуваат дека состојбата е алармана. Сите противпожарни средства, машини и материјали и секој дополнителен материјален и човечки ресурс ќе помогне во процесот на спасување на шумата, градот и околните села,“ се вели во соопштението.
Во Домот на културата во Пехчево е формиран пунк каде се прифаќа материјална помош, а доброволци се упатуваат на критичните позиции.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пожарот во Пехчево стигна до куќите
(Видео) Источна Македонија во пламен, вчера рекордни 54 пожари
Фото: Општина Пехчево