еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Макпетрол ја зголеми добивката за 42,71%

Макпетрол АД Скопје во првото полугодие остварил добивка пред оданочување во износ од 483,36 милиони денари, која е поголема за 42,71% од остварената добивка за минатата година кога изнесуваше 338,7 милиони денари, информираат од компанијата преку Македонската берза.

-Во текот на првото полугодие од 2024 година, „Макпетрол“ АД Скопје оствари вкупен приход во износ од 14,38 милијарди денари, кој е поголем од минатогодишниот за 481,96 милиони денари, односно остварен е раст од 3,47%.

На квартално ниво, вкупните приходи во 2024 година се зголемуваат, во согласност со зголемените продадени количини на енергенси.

Во структурата на приходите, најголем удел со 98,68% имаат приходите од продажба, од кои 97,48% се остварени преку продажба на домашен пазар, а само 1,2% се остварени преку продажба на странски пазар, односно преку извоз на млазно гориво.

Растот на приходите, споредбено со минатата година, во најголем дел се должи на зголемените приходи на мало за 10,1%, а истите учествуваат со 90% во приходите од продажба.

Главна причина за зголемувањето на приходите на мало е лидерската позиција на малопродажниот пазар на деривати каде се зголеми количествениот промет за 7%.

Дополнително во согласност со стратегијата, а со цел задоволување на потребите на потрошувачите кои секогаш се во фокусот, Друштвото го прошири малопродажниот асортиман кој се нуди на бензинските станици, а прометот со истиот се зголеми за 17%.

Наспроти нив приходите од големопродажниот сегмент бележат пад од 33,4% во најголем дел поради намалениот промет со млазно гориво и природен гас, велат од таму.

Вкупните расходи остварени во 2024 година се во висина од 13,9 милијарди денари, што претставува зголемување во однос на минатата година за 337,3 милиони денари или за 2,49%.

-Растот во најголем дел се должи на зголемените расходи за набавна вредност на трговски стоки од 1,97%, поради зголемениот количествен промет со нафтени деривати во споредба со мината година.

Набавната вредност го следи трендот на приходите од продажба, што е неминовно со оглед дека истата во апсолутен износ е најголем дел од приходите од продажба, односно зафаќа околу 86% од истите.

Расходите за набавна вредност на трговски стоки, односно набавните цени, се расходи врз кои Друштвото има лимитирано влијание.

Истото се должи на регулирањето на најголем дел од набавните цени на нафтените деривати. Доколку набавната цена на одреден дериват не е регулирана, истата зависи од комплетно екстерни глобални фактори и движења, како што се цените на нафтените деривати на светските берзи и курсот на денарот во однос на доларот, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Макпетрол“ овозможи работилници против врсничко насилство во над 150 училишта

За плати и надоместоци на членовите на УО на Макпетрол лани 63.5 милиони денари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убиениот маж во Тетово имал 39 години, објавен е распис за апсење на неговиот убиец

Редакција

Раст на долгот на граѓаните и фирмите на новата Листа на должници на УЈП

Редакција

Трајко Вељаноски за сега не оди во притвор, Комисијата не му го одзеде пратеничкиот имунитет

Редакција