Вчера куршум од ловџиска пушка погодил штипјанец додека работел на нива.
33-годишниот А.М. од селото Чардаклија штипско бил повреден во пределот на раката од заталкано зрно.
Несреќата се случила на место викано „Брестика“, атар на село Долни Балван, Општина Карбинци.
Тој бил пренесен во Клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош, информираа од Министерството за внатрешни работи.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.