еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Опожарено возило на Драган Митковски, соработник на градоначалничката Арсовска

Во раните утрински часови денеска (03.05 часот) во скопската населба Ѓорче Петров било опожарено возило мерцедес А класа.

Интервенирала и Бригадата за противпожарна заштита – Скопје, а од пожарот биле зафатени и моторни возила ‘хјундаи’ и ‘сузуки свифт’ во делот на браниците и ретровизор, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Од МВР велат дека возилото било во сопственост на правно лице, а повеќе медиуми јавија дека истото е во сопственост на Драган Митковски, кој важи за еден од најблиските соработници на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.

Тој на последните избори беше и носител на листа од редовите на нејзината партија, а медиумите шпекулираат дека односите помеѓу нив биле заладени.

Фото: Фејсбук/Митковски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерот Манчевски оди во самоизолација, имал средба со Зекири

Редакција

ЕСМ склучи договор со “Erbelt” вреден 4,5 милиони евра

Редакција

(ВИДЕО) Новинар на грчка ЕРТ3 стана топ тема во Грција, оти Македонија ја нарече Северна Македонија

Редакција