еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

55-годишен маж загина во сообраќајка во кочанско

55-годишен маж загина во сообраќајка во кочанско.

Се работи за С.А. (55) од с.Виничка Кршла, кој по несреќата бил пренесен во Клиничка болница Штип, каде што подоцна починал.

Несреќата се случила вчера на регионалниот пат с.Лески – с.Зрновци, кочанско, откако патничко возило „сузуки“ со винички регистарски ознаки, управувано од Р.С. (62) од с.Виничка Кршла, општина Виница, излетало од коловозот, во кое било и починатиот маж.

Возачот се здобил со телесни повреди, како и другиот сопатник М.С. (60) од с.Виничка Кршла.

Телото на починатиот било дадено на обдукција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија на 57. место: Индекс на медиумска слобода на Репортери без граници

Редакција

Објавено кои експерти ќе учествуваат во работна група за уставните измени

Редакција

Завршни зборови за случајот „Тендери“, во кој е обвинета Елизабета Канческа Милевска

Редакција