еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мицкоски ќе ја тужи Петровска за обвинувања во врска со последните мафијашки пресметки

Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека со жалање го прочитал статусот на поранешната министерка Славјанка Петровска во кој таа упати обвинувања на негова сметка.

„Не е прв пат госпоѓицата Славјанка Петровска да нанесува удар врз мене и моето семејство на ваков подмолен начин, со многу лаги, измислици и конструкции. Таа за жал мене монструозно ме обвини, но јас тоа го оставам на нејзината чест и совест.

Не би сакал да навлегувам во длабочината на нејзината мисла додека го креирала и го објавила овој пост. Се консултирав со мојот правен тим и ќе покренам тужба, затоа што би сакал органите, судот, до крај да го расветлат ова и да видат со какви докази располага госпоѓицата Петровска, дека јас сум нарачувал и охрабрувал убиства.

Сепак јас имам семејство, моето семејство функционира низ градот и не би сакал да се најде во непријатна состојба.“, одговори премиерот Мицкоски на новинарско прашање.

Тој посочи дека Петровска се обидува политички да спечали напаѓајќи го него лично и преку тоа и неговото семејство и најави дека во деновите кои следат ќе биде поднесена тужбата.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кај 26-годишник во Македонија регистриран флурон, има и грип и Ковид-19

Редакција

Љупчо Палевски во Турција доби 40 дена екстрадициски притвор

Редакција

Продолжува собраниската и комисиска дебата за пакетот закони за коридорите 8 и 10д

Редакција