Првото издание на фестивалот „Ајде“, ќе се одржи на 4. септември во паркот „Васко Карангелески“ во Општина Аеродром, со почеток од 18 часот.
Преку богата музичка и културна програма овој фестивал ќе допринесе за збогатување на културната содржина на Општина Аеродром и Град Скопје. Воедно фестивалот предвидува и едукативен дел каде учество ќе земат партнерите на „Ајде“- „Хајделберг Факултет“. Од областа на едукацијата, свое учество ќе имаат и „Мјузик лаб“, музичко училиште кои со своите ученици ќе оддржат рок концерт на главната сцена.
„„Ајде фестивал“ воедно сака да прерасне и во платформа на вмрежување на домашните компании со локалното население за чија цел се предвидени штандови на кои граѓаните ќе можат да дојдат до информации за компаниите, како и за потенцијално вработување во истите.
Фестивалот ќе биде и инклузивен и хуманитарен, а во него учество ќе земат и здруженијата „Во мој свет“, АЦТ фондација, „Хуманитарни акции МК“, но и Општина Аеродром кои безрезервно дадоа своја поддршка кон афирмација на овој уникатен фестивал,“ велат организаторите.
Во понудата на фестивалот вклучено ќе биде вклучено и одлично домашно крафт пиво од Темов и деликатеси како би понудиле на гостите едно поинакво гурманско доживување.
Промотивна објава