Хрватската пејачка Северина Вучковиќ е во фокусот на регионалните медиуми откако вчера била приведена на српската граница, каде останала неколку часа, по што повторно се вратила во Хрватска и не влегла во Србија.
Српските власти и дозволиле влез, но таа одбила.
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, денеска за српските медиуми изјави дека таа била задржана поради списоците за „вербални прекршоци“ и според него таа ниту била приведена, ниту уапсена, туку била задржана поради контрола.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За што ја испрашувале српските полицајци, Северина сподели детали
Фото: Северина/Фејсбук
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.