еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Се шири лажна вест дека починала Калиопи со монтирана фотографија од болница, пејачката бара реакција од надлежните

Се шири лажна вест по социјалните мрежи дека починала пејачката Калиопи Букле со монтирана фотографија од болница.

На истата реагираше пејачката и побра реакција од надлежните институции.

„Секогаш велев дека нема добри и лоши луѓе, но има луѓе и нелуѓе. За сторителите на овој нечовечки чин е поведена постапка до надлежните органи.

Во минатото се случуваа разни злоупотреби на моето име, но ова ги надминува сите досегашни манипулации.

Дали вие, нелуѓе, авторите на оваа лажна вест, дали сте свесни дека можеби мајка ми, сестра ми, брат ми можеле да го прочитаат овој текст и дека директно можевте да им се заканите по животот?

Апелирам до секторот за компјутерски криминал при МВР да преземе итни мерки за спречување и заштита од вакви злоупотреби“, напиша таа на Фејсбук.

Фото: Фејсбук/Калиопи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Алкалоид во првиот квартал со раст на добивката за 22% и на приходите за 20%

Редакција

Цела Македонија останува во 4 фаза, со широко-распространета трансмисија на Ковид-19

Редакција

Клиника Жан Митрев се проширува со оддел стоматологија и нови услуги во центарот за естетска дерматологија

Редакција