еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Патниците што имаат летови на 7 мај, да проверат кога најдоцна можат да стигнат на аеродром

Со оглед на посетата на Папата Францис на Република Северна Македонија, на 7-ми мај 2019 година и регулираниот сообраќај на патните правци до и од Меѓународниот Аеродром Скопје согласно информациите објавени на веб-страницата papa.mk, ги информираме сите патници кои имаат утрински летови од Меѓународниот Аеродром Скопје на 7-ми мај, дека ќе треба да пристигнат на аеродромот најдоцна во 7 часот, бидејќи од 7:30 часот до 9 часот патот до аеродромот ќе биде затворен за сообраќај, додека оние патници кои ќе имаат вечерни летови, ќе треба да пристигнат на аеродромот најдоцна до 15:30 часот, бидејќи од 16:15 часот патот до Меѓународниот Аеродром Скопје ќе биде затворен за сообраќај, информираат од „ТАВ Македонија“

„За сите детали во врска со режимот на сообраќај од Аеродромот до Градот Скопје и евентуални измени, Ве молиме проверете ја веб-страницата papa.mk/soobrakjaj и контактирајте ги релевантните државни институции.

Во врска со редовниот автобуски превоз за патници на ТАВ Македонија, од Градот Скопје до Меѓународниот Аеродром Скопје и во обратната насока, со официјалниот превозник Манора, на 7-ми мај, временскиот распоред на автобуските линии нема да претрпи промени, освен линијата која во 8:30 часот поаѓа од Аеродромот кон Скопје, која што на 7-ми мај ќе тргне половина час подоцна.

За сите информации и евентуални измени во автобускиот превоз за патници од и до Аеродромот, Ве молиме проверете на веб-страницата на Манора:www.manoragroup.com/en, се вели во соопштението.

Фото: ТАВ Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од грип починале 49-годишно лице од Скопје и 65-годишно лице од Велес

Редакција

Велјасабота, денот меѓу смртта и воскресението

Редакција

Продлжува сончевото и релативно топло време

Редакција